На секој час од
Сонцето стигнува доволно енергија за
да ни ги задоволи глобалните енергетски
потреби за една цела година. Соларна
енергија се добива преку соодветна
технологија со искористувањето на
енергијата на Сонцето. Денес, во светот
се искористува нешто помалку од 0,1% од
соларната енергија за задоволување на
глобалниот енергетски глад.
Многу луѓе се запознаени со
фотоволтаични ќелии – популарно наречени
соларни панели, кои денес ги има во
вселенските летала, на покривите на
многу згради и во малите калкулатори.
Принципот на работа е едноставен –
ќелиите имаат полуспроводници во нив,
и кога ќе ги огрее Сонце, тие испуштаат
електрони, кои пак прават струја.
На големи размери, има цели
електрани кои произведуваат струја со
помош на сончевата енергија. Тие можат
да употребуваат различни техники, за
добивање на струјата. Во некои сончевата
енергија се користи како извор на топлина
за загревање на вода до пареа која пак
произведува струја – слично како и
јагленот во термоелектрана или нуклеарна
електрана.
Има и други техники на
искористување на сончевата енергија.
Подвижни огледала ја фокусираат сончевата
светлина кон собиран кула каде е поставен
рисивер. Во него се топи сол која пак го
покренува генераторот.
Пасивните соларни технологии
се поставување на резервоари со вода
на покривот за снабдување на домот со
топла вода, посебни материјали кои
апсорбираат сончева енергија во вид на
топлина и во текот на ноќта ги греат
просториите.
Соларната енергија е неисцрпен
извор на енергија, и од неа нема никакво
загадување и никаква врева. Оваа
технологија е многу разновидна. На
пример, соларни плочи прават струја за
сателитите кои орбитираат околу Земјата.
Но соларната енергија не
функционира ноќе без направа за складирање
на енергијата како батерија, и облачното
време ја прави оваа технологија многу
несигурна.
Соларните панели сеуште се
многу скапи и зафаќаат голема површина
за собирање на сончевата енергија,
особено ако треба да се произведе повеќе
струја.
Најголеми производители на соларни технологии се Јапонија и Германија, и се очекува во иднина цените значително да паднат и технологиите да станат поефикасни
Најголеми производители на соларни технологии се Јапонија и Германија, и се очекува во иднина цените значително да паднат и технологиите да станат поефикасни
Во ера во која интензивно се
користат обновливите извори на енергија,
не многу луѓе се запознати со начинот
на кој се добива енергијата од овие
извори, а која тие дома секојдневно ја
користат. Досега најголем и најдолготраен
извор (од наш аспект може да се смета и
за вечен) кој нам нѝ е познат е Сонцето.
Сонцето претставува еден огромен
нуклеарен реактор во кој постојано се
одвиваат нуклеарни реакции. Притоа, се
ослободува голема количина на енергија,
во форма на светлина и топлина, која е
неопходна за развојот на живот на
Земјата. Земјата прима 174 петавати
(милион гигавати) сончева енергија во
горниот атмосферски слој. Од нив околу
30% се одбиваат назад во вселената, додека
остатокот се апсорбира од облаците,
океаните и земјата. Спектарот на сончевата
светлина кој достига до тлото се движи
претежно во видливиот и инфрацрвениот
опсег, како мал дел во блиско-ултравиолетовиот
опсег. Вкупното количество на енергија
кое се апсорбира од Земјата на годишно
ниво изнесува 3 850 000 егзоџули (1018J,
односно милијарда милијарди џули). Со
еден збор – МНОООГУ енергија.Постирано Од : Марија Босилковска

No comments:
Post a Comment